Прв и најголем воен брод кој воедно е носач на беспилотни летала, набљудувачки сателит за снимање на Земјата, првиот турски електричен автомобил и првиот борбен авион, нов модел на тенк…Ова се само дел од најновите технолошки достигнувања, мегаинвестиции и инфраструктурни проекти за кои заедничко е што беа претставени во текот на април оваа година во Република Туркије.
Само неколку од многуте технолошки достигнувања се турскиот воен брод „ТЏГ Анадолу“, набљудувачкиот сателит ИМЕЏЕ и метро линиите во Анкара и Истанбул.
Турските инженери и научници постигнаа голем успех во своите полиња, а ТРТ Балкан ви дава преглед на најважните проекти кои беа неодамна претставени.
Иновации во автомобилската индустрија
Прво, на 3 април, во Претседателскиот комплекс во Анкара се одржа церемонијата за испорака на моделот T10X од првиот турски автомобил „Тогг“.
Првиот турски бренд на електричен автомобил „Тогг“ прими 177.467 преднарачки за моделот T10X за само 12 дена. Преднарачките за овој автомобил започнаа на 16 март и завршија во понеделникот.
Компанијата ќе испорача 20.000 модели од типот T10X во текот на оваа година, а со извлекување се одреди кој ќе ги добие првите 20.000 електрични автомобили.
Транспорт
Потоа, на 8 април беше пуштена во употреба метро линијата Башакшехир - Чам и Градската болница Сакура - Кајашехир, во должина од 6,2 километри, со што дополнително се збогати транспортната инфраструктура на Истанбул.
Потоа, на 12 април, во Анкара свечено беше отворена метро линијата АКМ - Гар - Кизилај, долга 3,3 километри, изградена од Министерството за транспорт и инфраструктура.
Три дена подоцна беше отворена Градската болница во Коџаели со капацитет од 1.218 кревети
Покрај наведените успеси, денес (26 април) ќе биде пуштена во употреба и брзата железничка линија Анкара - Сивас, со што времето на патување помеѓу Анкара и Сивас ќе се намали од 12 часа на два часа.
Најголем воен брод, тенк и авион
На церемонија одржана во бродоградилиштето Седеф во Истанбул, беше доставен воениот брод „ТЏГ Анадолу“. Изградбата на воениот брод „ТЏГ Анадолу“ започна во април 2016 година, а заврши оваа година. Околу 70 отсто од воениот брод е изграден со локални капацитети.
Бродот „ТЏГ Анадолу“ може да ги префрлува единиците со големина на баталјон на одредена локација со сопствена логистичка поддршка, без потреба за поддршка на матичната база.
Изграден во истанбулското бродоградилиште Седеф, овој воен брод може да превезува хеликоптери, копнени возила, лесни воени пловила и персонал.
Бродот „ТЏГ Анадолу“ е долг 231 метар и широк 32 метри, а може да превезува товар од околу 27 илјади тони.
Потоа, на 23 април, обновениот тенк „Алтај“, кој веќе е во фаза на масовно производство, свечено беше доставен до Турските вооружени сили.
Потоа, на 1 мај, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ги објави најновите информации за Хурџет, првиот турски воен авион, што веќе успешно го заврши својот прв пробен лет, и проектите за национална одбрана како што се ММУ и АНКА-3.
Сателит ИМЕЏЕ
Во април Туркије успешно го лансираше ИМЕЏЕ, првиот сателит за набљудување на Земјата со висока резолуција. ИМЕЏЕ е сателит за далечинско читање произведен со локални ресурси од Институтот за истражување на вселенски технологии, а на Турскиот совет за научно и технолошки истражувања (ТУБИТАК).
„ИМЕЏЕ ќе ја задоволи потребата за сателитски снимки со висока резолуција на Земјата, ќе делува во орбитата истовремено со Сонцето на надморска височина од 680 километри.
Финансиски центар во Истанбул
На 17 април свечено беше отворен Финансискиот центар во Истанбул. Новоизградениот Финансиски центар во Истанбул е уште еден во низата турски мегапроекти што ја има најголемата и најнапредната инфраструктура во светот и сигурно ќе биде гордост на Истанбул и Туркије со својот архитектонски дизајн и извонредните способности и капацитети.Финансискиот центар во Истанбул ќе биде домаќин на многу турски и меѓународни гости со своите 1,3 милиони квадратни метри канцелариски простор, 100.000 квадратни метри трговски центар, конгресен центар со 2.100 седишта, хотел со пет ѕвезди и модел на паметен град.
Еден ден подоцна во Ескишехир беше отворен објектот за ретки земјени елементи, а на шините беше ставена електричната локомотива од типот Е5000, што беше произведена со национални ресурси.
Гасно поле „Сакарија“
На 20 април, како дел од проектот за развој на гасното поле „Сакарија“ што го спроведува Турската нафтена корпорација (ТПАО), се одржа церемонија за пуштање во мрежата на 710 милијарди кубни метри природен гас откриени во Црното Море.
Прв блок на нуклеарната централа „Акују“
На 27 април се планира да биде пуштен во употреба првиот блок на нуклеарната централа „Акују“, првата турска нуклеарна централа, која официјално ќе има статус на нуклеарна централа со добивање нуклеарно гориво.
Два дена подоцна, на 29 април, ќе биде отворена првата фаза од Националниот парк на Аеродромот Ататурк, што ќе биде петти по големина градски парк во светот и најголем градски парк во Туркије.
Покрај тоа, на 3 мај е планирано отворање на новиот тунел Зигана, што го поврзува Трабзон со Бајбурт, Ашкале и Ерзурум прему Ѓумушане.