Туркије ќе го лансира „Имече“, првиот сателит за набљудување, технолошки развиен и интегриран со домашни капацитети и произведен во самата земја.
Со новото лансирање на сателитот за набљудување, Туркије го зголемува бројот на сателити во орбитата и благодарение на технолошкиот напредок зазема значајно учество и во новата вселенска трка за ниската орбита на Земјата.
Туркије исто така има амбиции за мисија на Месечината, обука на научници за мисии на меѓународни вселенски програми и инвестиции во вселенската индустрија.
Што го прави „Имече“ посебен?
Сателитот ќе се користи за креирање слики со висока резолуција со нова технологија на камерата која може да прави слики со високи детали од објекти кои се помали од еден метар.
Така Туркије за првпат во вселенската историја ќе обезбеди електро-оптичка сателитска камера, која ќе може да прави снимки од било кое место на планетата.
„Ќе го продолжиме учеството во глобалната вселенска трка благодарение на нашите обучени професионалци, можностите кои ги обезбедуваме и технологиите кои ги развиваме“, порача претседателот Реџеп Таип Ердоган.
„Имече“ е сателит за далечински снимки произведен со локални ресурси до 60% од Истражувачкиот институт за вселенски технологии на Советот за научни и технолошки истражувања на Туркије (Тубитак).
Технички карактеристики
„Имече“ тежи 700 килограми, а ќе оперира на височина од околу 680 километри во ниската земјина орбита. Сателитот ќе кружи во орбита околу Земјата симултано со Сонцето.
Главните примени на „Имече“ сателитот се за одбраната и безбедноста, а ќе се користи и за управување со кризи и природни непогоди, за потребите на урбанизацијата и животната средина како и во секторот земјоделство и шумарство.