Туркије досега прими  292 повредени и болни пациенти од Газа на лекување / Фото: AA

Туркије синоќа префрли уште 85 пациенти, меѓу кои и повредени лица од опколениот Појас Газа, од Египет на турска територија, посочи министерот за здравство Фахретин Коџа.

Два авиона со пациенти и нивни придружници синоќа слетаа во главниот град Анкара.

Вкупно „85 пациенти и повредени лица од Газа вечерва се донесени во Туркије од Египет. Пациентите, придружени со група од 106 лица, ќе добијат медицински третман во нашата земја“, објави Коџа на платформата Х.

Туркије од почетокот на разорните израелски напади врз Појасот Газа прими 292 повредени и болни пациенти од Газа на лекување, објави министерот Коџа на платформата Х на 31 декември.

AA
Популарни