Конечни резултати од парламентарните избори во Туркије / Photo: AA

Претседателот на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК) Ахмет Јенес изјави дека одлуката за конечни резултати од парламентарните избори за 28. Состав на Големото народно собрание на Туркије (ТБММ), одржани на 14 мај, испратена е во Службен весник за објава.

Јенер во изјава за мдиумите дадена во седиштето на ЈСК рече дека процесот на приговори во врска со парламентарните избори е завршен во 17:00 часот на 28 мај и дека Одборот проценил и заклучил приговори на вчерашниот состанок.

„Како резултат на состанокот кој денес го одржавме, конечните резултати од парламентарните избори испратени се за објава во Службен весник“, рече Јенер и изјави дека излезноста на изборите била 88,92 отсто во Туркије и 53,80 отсто во странство, со вкупна излезност од 87,05 отсто.

Јенер соопшти дека според резултатите од изборите Партијата на правдата и развојот (АК Партија) освоила 268 пратенички места во турскиот парламент.

Партијата на повторна благосостојба (Јениден Рефах) освоила 5, Партијата за национално движење (МХП) 50, Зелените и левичарска партија (ЈСП) 61, Турската работничка партија 4, Републиканската народна партија (ЏХП) 169 и ИЈИ Партија 43 мандати во парламентот.

„Сакаме резултатите да бидат од корист за нашите партии и турската демократија“, порача Јенер.

AA
Популарни