На фотографиите се гледа како полумесечината ја осветлува џамијата Чамлиџа / Фото: AA

Полумесечината над турската метропола Истанбул го инспирираше фоторепортерот на Анадолу да го овековечи овој момент.

На фотографиите се гледа како полумесечината ја осветлува џамијата Чамлиџа.

Истанбул е најголем град во Туркије и се наоѓа на два континента, Азија и Европа, кои се поврзани со три моста, како и со подводната железница Мармарај. Тој е некогашна престолнина на три големи царства - Римското, Византиското и Османлиското.

По формирањето на модерна Република Туркије, Анкара беше прогласена за нејзин главен град. Сепак, Истанбул е најголем град во Туркије и нејзин културен и економски центар.

AA
Популарни