Метин Ѓурак, нов началник на Генералштабот на Турските вооружени сили / Photo: AA

Генералот Метин Ѓурак е назначен за нов началник на Генералштабот на Туркије, една од низата одлуки соопштени по денешниот состанок на Високиот воен совет на Туркије.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган претседаваше со состанокот што се одржа зад затворени врати, на кој се поставува агендата за Армијата на Туркије и се поставуваат унапредувања, отпуштања и други кадровски одлуки, кои потоа треба да бидат одобрени од претседателот Ердоган.

Ѓурак беше командант на 2-та Армија од 2021 година.

Селчук Бајрактароглу, заменик-началник на Генералштабот, ќе биде нов командант на Копнените сили на Туркије, на местото на Муса Авсевер, соопшти Директоратот за комуникации на Туркије.

Генералот Зија Џемал Кадиоглу е назначен за нов командант на Воздухопловните сили по пензионирањето на Атила Ѓулан.

Вкупно 32 генерали и адмирали се унапредени во повисоки чинови, а 63 полковници во генерали или адмирали, одлука што стапува на сила од 30 август.

Од тој датум бројот на генерали и адмирали во Турските вооружени сили ќе се зголеми од 266 на 286, се нагласува во соопштението.

TRT Balkan / агенции
Популарни