Министерот за национална одбрана на Република Туркије Хулуси Акар се состана со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Поради земјотресот кој го погоди југот на Туркије, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во знак на солидарноста ја посети оваа земја. Столтенберг, кого претседателот Реџеп Таип Ердоган го прими во претседателскиот комплекс, го дочека и министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Адана.
Акар и Столтенберг ја погледнаа која ја предизвика земјотресот во Хатај. АКар го извести генералниот секретар на НАТО за земјотресите и активностите кои се преземаат за справување со последиците по земјотресите.
Во текот на состанокот, министерот Акар му се заблагодари на Столтенберг на искажаната солидарност и посетата по двата разорни земјотреси, како и на спуштањето на знамињата во седиштето на НАТО во знак на сеќавањето на оние кои ги загубија животите во земјотресот и едноминутниот молк на отворањето на состанокот на министрите за одбрана на членките на НАТО на 14 февруари.
Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во провинцијата Кахриманмараш, ги погодија јужните делови на Туркије на 6 февруари.
Според досегашните податоци, во земјотресите во Туркије загинаа најмалку 36.187 лица.