Турскиот министер за правда Јилмаз Тунч изјави дека продолжува борбата против терористичката организација ФЕТО.
Министерот Тунч се огласи на социјалните мрежи по повод смртта на водачот на терористите на ФЕТО.
„Борбата против оваа организација, која и понатаму е основен национален безбедносен проблем на нашата земја, не е ограничена само на водачот на ФЕТО, туку ќе продолжи според сите други елементи и нејзините партнери“, рече тој.
Истакна дека смртта на водачот на ФЕТО воопшто нема да ја намали решителноста во борбата против оваа терористичка организација.
„Напротив, нашата борба ќе продолжи со иста решителност и истрајност“, рече турскиот министер. Министерот Тунч додаде дека секој од членовите на ФЕТО дефинитивно ќе одговара пред турските судови.
„Судските постапки против членовите на ФЕТО како и меѓународните правосудни постапки ќе се спроведува со иста решителност, како и постапки против члениците на организацијата, без оглед на смртта на водачот на ФЕТО“, рече Тунч.
Истакна дека Туркије ќе продолжи со „отстранување на остатоци на оваа предавничка мрежа.“
„Република Туркије со сите свои институции и организации, а особено правосудството, никогаш нема да се откаже од отстранувње на остатоците на оваа предавничка мрежа која војуваше против нашата национална волја. Ќе продолжиме со чекорите неопходни за мирот и безбедноста на нашиот народ, а секој член на оваа организација дефинитивно ќе одговара пред турското правосудство“, рече турскиот министер.
Терористичката организација ФЕТО и профилите на социјалните мрежи блиски до оваа терористичка мрежа објавија дека водачот на терористите Фетулах Ѓулен починал.
На профилот кој таканареченото раководство на ФЕТО, терористичката организација одговорна за смрта на стотици луѓе во ноќта на обидот за пуч во Туркије на 15 јули 2016 година, наведено е дека Ѓулен починал.
Профилот „Herkulnagme" објави информација за смртта на водачот на терористите, а потоа и други профили блиски до терористичката организација ФЕТО, ја објавија истата информација. Наводите за смртта на Ѓулен ја потврдија и други профили меѓу кои се и оние кои припаѓаат на роднините на водачот на терористот Ѓулен.
Терористичката организација ФЕТО
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Туркије во ноќта на 15 јули 2016 година, а станува збор за терористичката организација која ја предводеше Фетулах Ѓулен, кој со години живееше во Соединетите Американски Джрави, а чие испорачување Туркије побара официјално од САД.
Членовите на таа терористичка организација, со местење испити, напредуваа во службата, инфилтрирајќи се така во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, приврзаниците на ФЕТО во правосудството на Туркије со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и крвавиот обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч кој го изведоа офицери кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската војска.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Туркије, туку и за секоја втора земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските официјални претставници. Во текот на обидот за државен удар во Туркије загинаа 252, а ранети се повеќе од 2.734 лица.