Турската разузнавачка служба (МИТ) и полицијата во Анкара извршија успешна операција за апсење на поранешниот судија Мустафа Каратај, кој осум години беше во бегство и кој е обвинет дека е член на терористичката организација ФЕТО.
Неименуван извор изјавил дека операцијата била започната по дојава од соседот и дека бегалецот Каратај бил фатен во куќата каде што се криел во главниот град на Туркије.
При претресот биле одземени компјутери, мобилни телефони и друга дигитална опрема.
Истрагата утврдила дека претходно суспендираниот судија Каратај бил истакнато име во терористичката структура на ФЕТО и дека со челниците на таа организација комуницирал преку апликацијата „Сигнал“.
Тој имаше голем број важни функции во турското правосудство и клучна улога во инфилтрирањето на терористите на ФЕТО.
Терористичката организација Фетулаџи (ФЕТО) е одговорна за крвавиот обид за државен удар во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година, а станува збор за терористичка организација предводена од Фетулах Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави и чија екстрадиција Туркије ја има официјално побарано од САД.
Припадниците на таа терористичка организација со години напредуваа во службата со местење испити, со што се инфилтрираа во институциите на државата. Потоа, прво во декември 2013 година, поддржувачите на ФЕТО во судството на Туркије се обидоа да гонат бројни високи функционери со монтиран судски процес за наводна корупција.
Неколку години подоцна следеше крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за државен удар извршен од офицери кои ФЕТО ги инфилтрирала во турската армија.
Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која претставува опасност не само за Туркије, туку и за секоја друга земја каде што е активна.
Турските власти во неколку наврати укажаа на ова. За време на обидот за државен удар во Туркије, загинаа 253 лица, а повеќе од 2.730 луѓе беа повредени.