Националната разузнавачка агенција (МИТ) на Туркије во операција спроведена во Регионот Гара во Ирак го неутрализираше терористот Халил Јигит, еден од т.н. водачи на терористичката организација ПКК/КЏК.
Според информациите добиени од безбедносни извори, МИТ, како резултат на разузнавачките испитувања, утврдила дека терористот Јигит, со кодно име Хогир Пироси, еден од т.н. одговорни во терористичката организација ПКК/КЏК за Регионот Гара, по инструкции на високи раководители на организацијата спроведувал акции против турските безбедносни сили во Гара.
По утврдувањето на локацијата терористот Јигит е неутрализиран во операција организирана од МИТ.
Јигит, кој ги започна своите организациски активности во селата на Ширнак во 2007 година, учествувал во терористичките акции со оружје и рачно изработени експлозиви во подрачјето Силопи, во Областа Ширнак.
Јигит, кој организирал акции против турските безбедносни сили во инцидентот Ровови - барикади, во 2018 година дејствувал во рамките на терористичката организација ЈПГ во Сирија. Последни акции на терористот Јигит беа организациски активности во Областа Гара во Ирак.