Над 1,3 милиони ученици се вратија на училиште во три турски области / Photo: AA

Околу 662.500 ученици во Газиантеп, 497.850 во Адана и 137.760 ученици во Османије продолжија со часовите по реновирањето и поправките во нивните училишни згради, што беа оштетени во земјотресот на 6 февруари што ја зафати јужна Туркије, при што загинаа речиси 48.000 луѓе.

Учениците влегоа во училниците по момент молчење и пеење на турската химна.

Образованието во училиштата повторно започна откако беше одобрено од Министерството за животна средина, урбанизација и климатски промени.

Во меѓувреме, продолжуваат подготовките за продолжување на наставата во провинциите Адијаман, Малатија, Кахраманмараш и Хатај на 27 март.

Повеќе од 13 милиони луѓе се засегнати од силните земјотреси кои потресоа 11 турски области - Кахраманмараш, Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије, Елазиг и Шанлиурфа. Во голем број училишта и студентски домови се сместени преживеаните од земјотресот.

TRT Balkan / агенции
Популарни