Најважните карактеристики на новата турска паметната крстосувачка ракета / Photo: AA

Турската компанија Бајкар изврши успешен тест на лансирање нова ракета, а се работи за паметната мини крстосувачка ракета БАЈРАКТАР КЕМАНКЕШ.

Пробното лансирање на ракетата со мотор беше извршено во комплексот Кесан во Едрене, а Бајкар најави дека тоа е продолжение на успешната работа на полето на развој на нови технологии во областа на одбранбената индустрија.

Паметната мини крстосувачка ракета БАЈРАКТАР КЕМАНКЕШ AA

Ракетата беше лансирана од беспилотното летало на Бајкар, Бајрактар ​​ТБ2, на 20 километри од предвидената цел што ја погоди.

КЕМАНКЕШ првпат беше претставена пред јавноста на неодамна одржаниот ТЕХНОФЕСТ во Истанбул, а таа е нов домашен турски производ од одбранбената индустрија.

Оваа паметна ракета е развиена за да ја зголеми офанзивната способност против стратегиски цели со беспилотното летало Бајрактар ТБ2, како и со сите други авиони на Бајкар.

Овој проектил постигна способност да ги нападне непријателските елементи од многу поголема далечина, дури и без да влезе во ризичната област.

Тој е способен да нападне цел со обработка на снимки користејќи сопствен систем и вештачка интелигенција. Исто така, може да делува и во средини за електронско војување со сопствените GNSS системи против пречки (GNSS - Глобален сателитски систем за позиционирање).

Се очекува да биде во масовно производство до крајот на оваа година.

Вкупната тежина на КЕМАНКЕШ е 35 килограми, вклучително и боевата глава од шест килограми. Погонот на ракетата е млазен мотор, а максимален дострел ќе биде 250 километри.

TRT Balkan / агенции
Популарни