Жените во Туркије за првпат гласаа на општинските избори во 1930 година во Истанбул / Фото: AP

Фотографија направена со сепија процес го доловува историскиот момент во поза која како да е замрзната во времето, повозрасна Турчинка, на која блага светлина и ја осветлува насмевката на лицето, се подготвува да го вметне гласачкото ливче во дрвената кутија, не поголема од гломазен куфер, додека со голем интерес ја гледаат останатите гласачи и изборни набљудувачи.

Денот е 12 октомври 1930 година, кога за првпат се одржаа општински избори во Истанбул, а на жените им беше овозможено правото директно да учествуваат во изборниот процес.

Фотографијата е направена од фоторепортер на Асошиетед Прес чие име е непознато. Црно-белата фотографија стана еден од најстарите докази за тогаш нововоспоставената република и нејзиниот експеримент со непосредна демократија. Исто така служи како временска капсула за еволуцијата на демократијата која се развива откако земјата се издигна како модерна национална држава, по речиси петвековно владеење на Османлиите.

По четири години жените во Туркије добиваат универзално право на глас, и дури и тогаш се веќе пред останатите жени во поголемиот дел од Европа.

Друга црно-бела фотографија, која најверојатно предизвикува носталгија кај повозрасните Турци, прикажува како гласачите се редат на историската пешачка улица Истиклал во Истанбул за време на општите избори на 27 октомври во 1957 година. Направена е од Марио Ториси, познатиот новинар на АП кој ги фотографираше и Папата Павле Шести и Битлси.

На фотографијата Ториси успешно го доловува животот во Истанбул во 1950-те години, каде жителите во костуми и мантили минуваат покрај продавниците, формирајќи редици кои се протегаат до Истикал. Дел од елегантните неокласични и неоренесансни згради се гледаат на фотографијата кои постојат и до ден денес. Иконскиот трамвај до транспортно комбе на Фолксваген кое за првпат е произведено во 1950 година исто така е дел од фотографијата.

Туркије тогаш беше предводена од премиерот Аднан Мендерес, кој како предводник на опозициската Демократска партија убедливо ја совлада Републиканската народна партија (ЏХП) на парламентарните избори на 14 мај 1950 година.

На изборите во 1957 година, Мендерес прослави уште една убедлива победа против ЏХП предводена од Исмет Инону. Но, по само три години, републиката ќе биде погодена од првиот државен удар кој го исфрли Мендерес од власта. Потоа беше обесен од страна на воената хунта.

Со постојаните промени на модерната турска историја и комплицираната еволуција на политичките партии, обичните граѓани останале во центарот на вниманието.

Многу од клучните моменти сега се вечно сочувани во времето благодарение на новинарите кои ги посведочиле и документирале овие историски моменти.

На 28 мај 2023 година, турските гласачи ќе се вратат на гласачките места да го дадат нивниот глас за вториот дел од претседателската трка меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот главен противник Кемал Киличдароглу.

Еве мал преглед на изборните процеси во Туркије преку фотографии низ годините.

Уште една слика од изборите во 1930 година во Истанбул го покажува историскиот момент кога жените добиваат право на глас на општинско ниво за првпат    Фото: Општина на град Истанбул, Главна дирекција за култура на Истанбул, Центар за исламски студии на фондацијата Дијанет (општина на град Истанбул, Главна дирекција за култура на Истанбул, Центар за исламски студии на фондацијата Дијанет)
Жените во Туркије право на глас добија во 1930 година на локално ниво, а целосно право на глас четири години подоцна     Фото: Општина на град Истанбул, Главна дирекција за култура на Истанбул, Центар за исламски студии на фондацијата Дијанет Others
Жена гласа на првите општи избори во 1935 година кога жените добиваат универзално право на глас  Фото: AP Others
Гласање за време на изборите во октомври 1938 година, непосредно пред смртта на Мустафа Кемал Ататурк основачот на републиката кој почина на 10 ноември истата година, а само неговата партија ЏХП учествуваше на изборите Фото: AP Others

1943 година, Ден на млади и спорт

Периодот од 1940-тите Туркије е под власта на претседателот Исмет Инону. Втората светска војна го нарушува одржувањето на парламентарни избори. На следните во 1946 година, ЏХП на Инону се издигна како доминантна партија. Тука, Инону присуствува на настанот на Денот на младите и спортот на 19 мај 1943 година. Датумот ја одбележува годишнината од кампањата за турска независност предводена од Мустафа Кемал Ататурк која започна во 1919 година и кулминираше во 1923 година Фото: AA/BYEGM Others

1950 година - Општи избори

По смртта на Ататурк, се разгори ривалство меѓу неговите приврзаници, отворајќи го патот за формирање на Демократската партија, која ја оспори доминацијата на ЏХП почнувајќи во 1946 година.  Претседателот на Демократската партија и поранешен премиер Џелал Бајар ја водеше кампања на општите избори во 1950 година. Кога демократите со големо мнозинство победија на изборите, Генералното собрание го избра за претседател,  од 1950 до 1960 година Фото: AA AA
Поддржувачи на ЏХП во Измир на митинг на тогашниот претседател Исмет Инону на плоштадот Џумхуриет  пред изборите на 14 мај 1950 година. ЏХП победи на изборите и ја освои власта Others
Аднан Мендерес (десно) ја прославува убедливата победа на неговата Демократска партија на парламентарните избори на 14 мај 1950 година со претседателот на партијата и поранешен премиер, Џелал Бајар (лево) во Анкара. Мендерес на крајот беше избран за премиер додека Бајар беше избран за претседател   Фото: Мехмет Суренкок/АА Others

1957 година - Општи избори

Гласачите во Истанбул на општите избори во Туркије во октомври 1957 година    Фото: Mario Torrisi/AP Others
Дел од гласањето на 27 октомври 1957 година во Истанбул      Фото: Mario Torrisi/AP Others

1961 година - Општи избори

Поддржувачите на Партијата на правдата на плоштадот Сарачане во Истанбул на 13 октомври 1961 година, два дена пред општите избори, првите одржани по државниот удар во 1960 година. Партијата на правдата беше формирана откако војската нареди распуштање на Демократската партија. На изборите, ЏХП повторно победи враќајќи го Исмет Инону на власт како премиер     Фото: Jim Pringle/AP Others

1977 година - Општи избори

Претседателот на Партијата на правдата (АП) Сулејман Демирел (лево), кој имаше задача да ја формира владата, се состана со претседателот на Партијата за национален спас (МСП) Неџметин Ербакан (десно) на 17 јули 1977 година Others

1985 - Кампања за локални избори

Тургут Озал, кој беше премиер од 1983 до 1989 година     Фото :АА Others

1994 година - Избори во Истанбул

Општинските избори во март 1994 година      Фото: Фатих Сарибас/Ројтерс Others

1999 година - Општи избори

Поддржувачи на Партијата за националистичко движење (МХП) ги слават предвремените резултати од турските национални избори во Анкара на 18 април 1999 година    Фото: Reuters Others
Гласање во Анкара за време на општите избори на 18 април 1999 година      Фото: Ројтерс/ФС/ВС Others
Тансу Чилер лидерка на партијата на десниот центар Вистинскиот пат  гласаше на избирачко место во Истанбул на 18 април 1999 година. Чилер беше прва и единствена жена премиер во земјата од 1993 до 1996 година Фото: AP /Murad Sezer Others

2002 година - Општи избори

Парламентарни избори во Истанбул на 3 ноември 2002 година кои ја лансираа кариерата на Реџеп Таип Ердоган и неговата партија АК     Фото: Фатих Сарибас /FS/WS/Reuters Others
Поддржувачи на Партијаta на правдата и развојот (АК Партија) ја слават одлучувачкаta победа пред седиштето на партијата во Анкара на 3 ноември 2002 година Фото: Reuters Others

2007 година - Општи избори

Поранешниот претседател Сулејман Демирел гласаше за време на општите избори на 22 јули 2007 година. Демирел служеше како премиер на земјата седум пати, од кои првиот пат беше во периодот од 1965 до 1971 година, а кој заврши по вториот државен удар во земјата. Подоцна беше претседател од 1993 до 2000 година      Фото: AP Others
Поддржувачите на тогашниот премиер Реџеп Таип Ердоган и неговата Партија за правда и развој (АК) присуствуваа на митинг во главниот град, Анкара, пред општите избори на 22 јули 2007 година, на кои Ердоган освои уште еден солиден мандат, освојувајќи 363 пратеници од 550-члениот парламент      Фото: AP Others

2014 година - Претседателски избори

Стотици илјади луѓе го следеа говорот на тогашниот премиер Реџеп Таип Ердоган за време на локалниот изборен митинг организиран од владејачката Партија на правдата и развојот (АК) на плоштадот Јеникапи на 23 март 2014 година     Фото: AA Others
Тогашниот турски премиер Реџеп Таип Ердоган водеше кампања во Истанбул на 10 август 2014 година. Таа година Ердоган беше избран за претседател за првпат со гласање на народот по уставниот амандман во 2007 година, кој го формализираше правилото за избор на претседател со народно гласање     Фото: AP/Emrah Gurel Others
Гласачи на избирачко место на општинските избори во Туркије на 1 јуни 2014 година во областа Соргун во Јозгат     Фото: AA Others

2015 година - Општи избори

Поддржувачите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган веат знамиња со неговиот лик покрај турското национално знаме додека го слушаат неговиот говор за време на митингот пред општите избори на 7 јуни 2015 година за избор на 550 членови на парламентот. Изборите не резултираа со мнозинство, принудувајќи предвремени избори во ноември 2015 година кои и овозможија на АК Партијата да го врати мнозинството     Фото: AP/Лефтерис Питаракис Others

2017 година - Уставен референдум

Поддржувачите на предлогот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за проширување на претседателските овластувања присуствуваат на еден од неговите митинзи во Истанбул за да ја поддржат неговата кампања „ДА“     Фото; AP/Emrah Gurel Others
Член на изборна комисија го крева гласачкото ливче за време на процедурата за броење во избирачко место во Истанбул на 16 април 2017 година. Предлогот на претседателот Ердоган за проширување на овластувањата на претседателството беше одобрен со разлика од 51,4 отсто      Фото: AP /Emrah Gurel Others

2018 година - Претседателски и парламентарни избори

Поддржувачите на опозицијата присуствуваа на митинг во Измир пред претседателските избори на 21 јуни 2018 година, на кои Ердоган победи со 52,6 отсто од гласовите на народот      Фото: AP/Емре Тазегул Others
Гласач добива гласачко ливче на избирачко место во основно училиште во Анкара на 24 јуни 2018 година     Фото: AP /Burhan Ozbilici Others
Поддржувачите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган слават пред седиштето на партијата во Истанбул по неговиот реизбор на 24 јуни 2018 година    Фото: Емрах Гурел/AP Others
Гласач го дава својот глас на избирачко место во Истанбул за време на претседателските и парламентарните избори во недела, 14 мај 2023 година. Се проценува дека 55,8 милиони луѓе, или 88,92 отсто од гласачите со право на глас, го дале својот глас низ целата земја      Фото: Осман Сади Темизел/Ројтерс Others
TRT World
Популарни