Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во средата ја објавија својата решеност да започнат нова ера на соработка во билатералните односи, вклучително и во политичката, економската, воената, безбедносната и културната сфера.
Ердоган го пречека Бин Салман со официјална церемонија во главниот град Анкара.
Според заедничката декларација, лидерите ја истакнале решеноста на земјите да започнат нова ера на сеопфатна соработка во многу области.
Анкара и Ријад одлучија да ги продлабочат консултациите и соработката за регионални прашања за зајакнување на стабилноста и мирот, се вели во соопштението.
Двајцата лидери ветија дека ќе ја развиваат и одржуваат соработката врз основа на „историското братство“ на двата народи за иднината на регионот.
Повеќе летови
Тие, исто така, ја истакнаа важноста од зголемување на бројот на летови меѓу нивните две земји, олеснување на билатералната трговија и истражување на можностите за инвестирање.
Саудиска Арабија, исто така, изрази благодарност за поддршката на Турција за кандидатурата на Ријад да биде домаќин на ЕКСПО 2030, се вели во заедничката турско-саудиска декларација.
Според соопштението, Ердоган и саудискиот престолонаследник разговарале за можноста за развој и диверзификација на меѓусебната трговија, олеснување на билатералната трговија меѓу двете земји и надминување на тешкотиите. Се зборувало и за зголемување на комуникацијата во јавниот и приватниот сектор на двете земји за да се истражат можностите за инвестирање и да ги трансформираат во конкретни партнерства во различни области.
Како земји-членки на Г20, Турција и Саудиска Арабија го признаваат големиот економски потенцијал на двете нации и потенцијалот на визијата на Саудиска Арабија до 2030 година за инвестиции, трговија, туризам, развој, индустрија, рударство, градежни проекти, транспорт-инфраструктура, земјоделство, храна безбедноста, здравјето, медиумите и спортот.
Ќе се активира координативен совет
Двајцата лидери се согласија да го активираат Саудиско-турскиот координативен совет, да го зголемат нивото на соработка и координација во областите од заеднички интерес и да работат на размена на искуства меѓу експертите од двете земји, се додава во соопштението.
Тие, исто така, ги изразија своите очекувања за соработка во енергетската област, како што се нафтата и рафинирањето, петрохемијата, енергетската ефикасност, електричната енергија, обновливите извори на енергија, иновациите и чистите технологии за јаглеводородни ресурси.
Развој на вештачка интелигенција и паметни градови
Во заедничката изјава, исто така, беше нагласен консензус што е постигнат за развој на производствени и инвестициски партнерства во областа на вештачката интелигенција, дигиталните технологии и паметните градови, плус охрабрување на соработката помеѓу актерите од приватниот сектор кои работат на овие полиња.
Турција го поздрави започнувањето на „Саудиската зелена иницијатива“ и „Зелената иницијативата за Блискиот Исток“ во областа на животната средина и климатските промени.
Исто така ја изразија својата поддршка за напорите на Саудиска Арабија на полето на климатските промени за имплементација на Платформата за циркуларна јаглеродна економија иницирана од Саудиска Арабија и одобрена од лидерите на земјите од Г-20.
Двете страни ја повторија важноста од почитување на принципите на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени и Парискиот договор.
Кон крајот на април, Ердоган беше во дводневна работна посета на Саудиска Арабија со цел зајакнување на билатералните врски.
За време на неговата посета, тој се сретна со саудискиот крал Салман бин Абдулазиз Ал Сауд, како и со принцот престолонаследник и разговараше за различни меѓународни, регионални и билатерални прашања.
Процес на стекнување пријатели
На враќање во Турција по неговата посета, Ердоган рече дека Анкара и Ријад се решени да продолжат со напорите за заедничките интереси и стабилноста на регионот.
Додека преговараше со Египет, Израел и Обединетите Арапски Емирати за нормализирање на односите, Ердоган ги опиша овие напори како „нова ера“ за процес на стекнување пријатели, а не непријатели.