Во рамките на истрагата за терористичкиот напад на ПКК во улицата Истиклал во Истанбул, во кој загинаа шест, а ранети беа 81 лице, уапсени се 50 лица, а утврдено е дека терористката одговорна за нападот Ахлам Албасхир планирала бегство во Грција.
Истрагата за терористичкиот напад кој се случи во улицата Истиклал продолжува под координација на двајца заменици на главниот обвинител и осум јавни обвинители во Истанбул.
Во истрагата, во која досега се приведени 50 лица, меѓу кои и осомничената Ахлам Албасхир, уапсени се и некои работници на текстилна работилница во која осомничената некое време работела на камуфлирање.
„Во рамките на истрагата утврдено е дека осомничените Амар Ј. и Јасир К. на денот на инцидентот ја довеле терористката Ахлам Албасхир и пребегнатиот осомничен Б. во Бејоглу и ги оставиле во близина на плоштадот. Осомничените Јасир К. И Б. подоцна се вратиле во квартот Есенлер.“, велат истражителите.
Терористката Ахлам Албасхир, откако го извела нападот, го повикала Јасир К. и барала да ја „собере“, на што тој одговорил: „Полицијата е насекаде, не можам да дојдам.“ Албасхир потоа со такси дошла до Есенлер.
Утврдено е дека осомничениот Ахмет Ј. ја одвел Ахлам Албасхир од Есенлер во својата куќа во Ќучукчекмеџе и дека планирал да ја прокриумчари во Грција.
Ахмет Ј., кој не успеал да го спроведе планот на префрлување во Грција, не бил дома во моментот кога полицијата упаднала и таму ја пронашла, а потоа ја привела терористката Албасхир.
„Наведено е дека еден од осомничените Амар Ј. го однел пребегнатиот осомничен Б, кој престојуваше во истата куќа со терористката Ахлам Албасхир, во Едрене за да го испрати во Бугарија, а потоа се вратил во Истанбул“, додаваат истражителите.
Криминалистичката обработка на над 50 осомничени продолжува, а меѓу нив се и Амар Ј. и неговиот брат Ахмет Ј., кои се меѓу последните уапсени во досегашниот дел од истрагата.