Околу 2.000 велосипедисти се тркаа во Истанбул за децата жртви на војната     Фото: АА

Околу 2.000 велосипедисти учествуваа на трката во турската метропола Истанбул одржана за децата жртви на војната.

Организаторите објавија дека на трката учествуваат велосипедисти од сите старосни категории од 20 земји. Учесниците имаа можност да возат патека долга 82 километри, односно 40 километри.

Градоначалникот на истанбулската Општина Бејкоз, Мурат Ајдин, која е домаќин на трката, истакна дека е особено среќен што на трката учествуваат велосипедисти од околу 20 држави.

Додаде дека на овој начин сакаат да го промовираат велосипедизмот.

„Сакаме активно да го користиме велосипедот во текот на денот“, рече Ајдин и додаде дека би се намалиле трошоците во здравството доколку луѓето повеќе би користеле велосипеди во секојдневниот живот.

„Но, што е најважно луѓето би биле поздрави, посреќни и помалку би ја загадувале животната средина“, рече тој.

Булент Аксу, претседателот на Управниот одбор на Турксел, една од компаниите спонзори на трката, рече дека на овој начин сакаат да пружат поддршка за децата и да го промовираат мирот во светот.

Учесниците на трката имаа можност во текот на возењето да уживаат во историските и природните убавини на Истанбул.

Средствата собрани од трката ќе бидат донирани на Црвената полумесечина на Туркије за потребите на децата жртви на војните.

AA
Популарни