12-дневниот настан, организиран од Анадолу, беше отворен во концертната сала Ада Анкара на Претседателскиот симфониски оркестар / Фото: AA

Директорот за комуникации на Туркије ја поздрави „Анадолу“ водечката турска меѓународна новинска агенција за медиумското покривање на војната во Газа.

„Анадолу и покрај сите пречки од Израел продолжува да прикажува и ќе продолжи да прикажува врвен новинарски перформанс во градот Газа“, рече Фахретин Алтун, говорејќи на церемонијата на отворањето на изложбата Istanbul Photo Awards 2023 во главниот град Анкара.

Алтун ја истакна клучната важност на напорите на Анадолу во пренесувањето на реалноста на пандемијата КОВИД-19, руско-украинската војна и неодамна, агресијата на Израел против Газа.

Тој потсети дека Монтасер Ал-Саваф снимателот на Анадолу го загуби животот за време на израелските воздушни напади во Газа, Мустафа Алкаруф фоторепортерот на Анадолу беше насилно нападнат од израелски војници, а фоторепортерот Али Џадала го загуби целото семејство во нападите на Израел.

„Што направија овие херои, овие компетентни членови на Анадолу? Тие ја вршеа својата работа како новинари. Тие трагаа по вистината и реалноста на терен. Притоа, тие го пренесоа гласот на угнетениот народ од Газа до целиот свет и угнетувањето од страна на Израел го прикажаа насекаде“, додаде тој.

Изложбата на Фотографските награди Истанбул 2023 започна во вторник.

12-дневниот настан, организиран од Анадолу, беше отворен во концертната сала Ада Анкара на Претседателскиот симфониски оркестар.

Организиран со поддршка на Nikon Türkiye, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Туркиш ерлајнс, на меѓународниот натпревар за новинарска фотографија се доделени награди во 10 категории во овогодинешното издание, откако жирито избираше од 21.000 поднесени фотографии.

Посакуваната награда „Фото на годината“ му припадна на Сергеј Козлов, фотограф од Европската агенција „Пресфото“ (ЕПА), за насловот „Војна Украина-Русија“, со признание од меѓународното жири.

Изложбата, поддржана од Министерството за култура и туризам, ќе биде отворена за посетителите до 30 декември.

AA
Популарни