Рокерите повикаа нивните фанови да донираат средства за настраданите во Туркије и Сиријa      Фото: АА / Photo: AA

Американскиот рок бенд Перл Џем ќе го додели како награда специјалниот постер со кој настапиле во Истанбул во 1996 година, а кој е потпишан од сите пет членови на групата.

Преку оваа хуманитарна акција рокерите повикаа нивните фанови да донираат средства за настраданите од катастрофалните земјотреси во Туркије и Сирија.

По завршување на акцијата потпишаниот постер на Перл Џем ќе биде доделен на еден среќен фан.

Бендот потсети преку нивната официјална веб страна дека на 6 февруари два силни земјотреса ги погодија Туркије и Сирија предизвикувајќи катастрофални штети.

„Во обид да ја зголемиме поддршката за организациите кои работат во регионот, им нудиме на фановите шанса да освојат XL реиздание од 2018 година на постерот на турнејата на Перл Џем која се одржа во 1996 година во Истанбул, потпишан од сите пет актуелни членови на Перл Џем“, соопшти групата.

Добитникот на постерот ќе биде објавен на 6 март.

Претходно фондацијата на хевиметал бендот Металика донираше 250.000 долари за помош на во напорите за справување со последиците од разурнувачките земјотреси во кои според последните податоци загинаа над 36.000 луѓе во Туркије.

AA
Популарни