Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го истакна растот на земјата што го донесе неговата влада во изминатите две децении и вети напредок на полето на политиката, економијата, технологијата, војската и дипломатијата.
Неговите поенти тој ги истакна на говорот на церемонијата во организација на Партијата на правдата и развојот (АК) на која беше претставенија „Векот на Туркије“ што се одржа во петокот во главниот град Анкара.
„Со целото човештво ја споделуваме веста дека „Векот на Туркије“ воедно е и називот на револуцијата која ќе донесе демократија, развој, мир и просперитет во сите делови на светот“, порача Ердоган.
Ова се пет клучни поенти од неговиот говор:
1. Зголемување на глобалното влијание на Туркије
Ердоган вети дека Туркије ќе ја направи една од 10-те најголеми држави во светот.
„Со нашата надворешна политика го подигнавме угледот на Туркије на највисоко ниво“, рече Ердоган, додавајќи дека неговата партија сака силен почеток на новиот век на Републиката.
Под водство на АК Партијата, бројот на странските мисии е зголемен од 163 на 255 и земјата сега извезува беспилотни летала, и слични производи во 170 земји, рече Ердоган.
Исто така, Анкара ќе има 1 билион долари извоз и ќе стане водечка земја во метаверзумот и блокчејн, додаде турскиот претседател.
2. Улога на медијатор
Со оглед на тоа што повеќето од големите светски сили заземаа една или друга страна во врска со војната во Украина, Анкара се вклучи во улогата на миротворец.
Ердоган постојано ја истакнува својата желба рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Владимир Зеленски да се состанат на преговарачка маса во Туркије за да се стави крај на конфликтот.
„Во време кога војните, конфликтите и тензиите се зголемуваат насекаде околу нас, ние сме единствената земја која прави искрени напори за мир преку воспоставување еднакви, морални и правични односи со сите страни“, рече Ердоган.
Можеби најголемиот пробив во конфликтот дојде кога Туркије,, заедно со Обединетите нации, посредуваше за постигнување на договорот за отворање коридор за извоз на жито, што помогна во намалување на цената на храната ширум светот.
Договорот од јули овозможи безбедно транспортирање на житните култури кои беа заглавени на украинските пристаништа со месеци.
3. Борба против тероризмот
Зборувајќи за антитерористичките операции на Туркије, Ердоган рече дека земјата „ги спречи обидите да се создаде терористички коридор долж нашата јужна граница со операциите „Штитот на Еуфрат„, „Маслинова гранка“, „Канџа“, „Извор на мирот“, „Пролетниот штит“ и „Канџа катанец“.
Туркије ја започна операцијата „Канџа катанец“ во април со цел да ги таргетира засолништата на терористичката организација ПКК во северниот ирачки регион Метина, Зап и Авасин-Басјан во близина на турската граница.
На тоа претходеа операциите „Канџа-тигар и Канџа-орел“ започнати во 2020 година за да се искоренат терористите кои се кријат во северен Ирак, кои планираат прекугранични напади во Туркије.
4. Хуманитарен став
„Туркије обезбеди доброволно враќање на околу 530.000 луѓе во безбедните зони во Сирија“, рече Ердоган.
Повеќе од 3,7 милиони Сиријци моментално живеат во Туркије, што ја прави најголемата земја во светот која е засолниште на бегалците.
По почетокот на крвавата граѓанска војна во Сирија, Туркије усвои политика на „отворени врати“ за Сиријците кои бегаат од прогон и бруталност.
5. Домашни реформи
Ердоган рече дека Туркије ќе го започне Каналот Истанбул, проект на партијата за создавање алтернативен теснец за транспорт.
Тој рече дека неговата АК партија, исто така, ќе се ослободи од уставните клаузули направени по пучот во 1980 година и ќе предложи нова до парламентот како дел од новата визија на партијата.
„Овие уставни амандмани ќе ги заштитат правата на жените кои сакаат да носат марами, но ќе ги заштитат и семејните вредности“, објасни Ердоган.
Покрај тоа, Туркије откри 540 милијарди кубни метри резерви природен гас во Црното Море, истакна Ердоган, додавајќи дека „наскоро со нацијата ќе ја сподели радоста за нови добри вести во енергетиката“.