Трогателните сцени на дете извлечено живо под урнатините и момче на 24 години кои преживеаја 49 часа под разрушениот бетон ја прикажаа човечката цена на смртоносните земјотреси кои ги погодија Туркије и Сирија.
Два дена и ноќи од разурнувачкиот земјотрес, армија од волонтери спасувачи работеше со замрзнувачки температури да ги пронајде тие кои се уште се заглавени под урнатините, додека неколку градови од двете страни на границата се обвиени во црнина.
Смртоносниот биланс сега се приближува до 10.000 жртви во двете држави. Тој број може да се удвои ако се остварат најцрните сценарија на експертите.
Сепак, приказните на преживеаните кои се родија од урнатините на земјотресот донесоа трошка надеж за спасувачите како и за семејствата на настраданите.
Спасена наставничка под урнатините
24 годишната Месуде Акај, наставничка од Хатај, беше извлечена од урнатините на разрушената зграда рано наутро во средата, 49 часа по земјотресот.
Спасувачите ја пренесоа Акар во амбулантно возило за да добие целосна медицинска нега од докторите кои неуморно работат за да спасат што повеќе луѓе.
Хатај е една од најтешко погодените провинции.
Спасени две жени по 48 часа
Исто така во Хатај 48 часа по смртоносната катастрофа се спасени уште две жени од нивниот разрушен апартман.
Мона Газел (52) и Неџла Мелек (74) беа спасени во среда наутро.
Двете жени поминале низ првични здравствени прегледи пред да бидат пренесени во болница.
Бебенце од Адијаман спасено по 36 часа
Бебенце кое го преживеало земјотресот во Адијаман, една од десетте погодени провинции, беше спасено од Противпожарните и единиците за воздушно спасување на аеродромот во Коња (АРФФ) и пренесено во болница.
Операциите за потрага и спасување продолжуваат низ купиштата остатоци од разрушени згради, внимателно слушајќи ги сите знаци на потенцијални преживеани.
Мајка и бебе од Сирија пронајдени живи по 44 часа
Тимовите за пребарување и спасување, исто така, ги извлекоа двегодишниот Вафе Сабха и 33-годишната мајка на детето, Имед Сабха, во Хатај, 44 часа откако големите земјотреси ги погодија јужниот регион на Туркије и Сирија.
Фотографиите од акцијата за спасување покажаа дека спасувачите еуфорично прославуваат додека Вафе, кој изгледаше видно трауматизиран, излегуваше од урнатините.
Чудо од бебе
Во Шанлиурфа спасувачките тимови извлекоа живо едногодишно бебе од урнатините на петкатница, 53 часа по катастрофата.
Неименуваното бебе било префрлено во болница откако на лице место му била укажана прва помош.