Екипи на теренот продолжуваат да се борат со шумските пожари на подрачјето на Кемер во турската област Анталија.
Пожарникарските тимови се обидуваат да го стават под контрола пожарот што синоќа, во вечерните часови, избувна во подрачјето на Ѓојнук Дегирмендере.
Пристапот по копнен пат е отежнат, а ангажирани се хеликоптери и канадери.
На копното се донесени голем број тимови на противпожарната служба и шумски работници што се борат со огнената стихија.
TRT Balkan / агенции