До експлозијата дојде 300 метри под земја во рудникот за јаглен во црноморската крајбрежна област Бартин.     Фото: АА

Најмалку 40 работници загинаа во експлозија во рудникот за јаглен на северот на Туркије, потврди турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

„Имаме 40 загинати. Во болниците има 11 повредени, меѓу кои шест се во градската болница Чам и Сакура, а три во државната болница Бартин, двајца во приватна болница. Едно повредено лице е пуштено од болница“, рече Сојлу кој е на местото на несреќата.

Сојлу додаде дека се спасени 58 рудари од вкупно 110.

„Имаме неизвесност за еден од нашите рудари, потрагата и спасувањето моментално е во тек“, додаде Сојлу.

До експлозијата дојде 300 метри под земја во рудникот за јаглен во црноморската крајбрежна област Бартин вчера во 18.15 часот по локално време. (15.15 GMT).

AA
Популарни