Во август, купувачите од производствената лента во округот Гемлик презедоа рекордни 1.965 автомобили T10X / Photo: AA

Фабриката за турскиот домашен паметен електричен автомобил ТОГГ во близина на Бурса бележи рекордно производство месец по месец, а со зголемувањето на бројот на вработени и на работните смени, ќе продолжи овој тренд и во наредниот период, јавува Анадолу.

Во август, купувачите од производствената лента во округот Гемлик презедоа рекордни 1.965 автомобили T10X, а станува збор за автомобил кој е развиен целосно со турски ресурси и се произведува во две изданија со оглед на батеријата што го напојува.

Сериското производство на турскиот автомобил ТОГГ започна на крајот на март годинава. Планот за зголемување на производството го потврдува и фактот што во август беа испорачани повеќе возила отколку во претходните три месеци заедно.

Капацитетот на технолошкиот кампус на ТОГГ е производство на 175.000 возила годишно. ТОГГ сака до крајот на 2032 година да произведе еден милион автомобили. Целта е до крајот на оваа година на патиштата да има 28.000 автомобили T10X.

Официјално отворен од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 29 октомври 2022 година, технолошкиот кампус на ТОГГ располага со објекти за производство на каросерии на автомобили, бојадисување, монтажа и производство на батерии, како и Центар за развој и тестирање. Кампусот, каде на производствената линија работат и 250 роботи, се истакнува и по тоа што ја има најчистата лакирница во Европа.

Во изградбата на кампусот, кој има тест-патека долга 1,6 километри, учествуваа 9.000 луѓе. ТОГГ моментално вработува над 3.250 луѓе.

Жените сочинуваат 26 отсто од вработените. Кога производствениот капацитет на кампусот ќе достигне 175.000, бројот на вработени ќе изнесува 4.300.

Популарни