Светски познатиот актер Роберт де Ниро го посети Истанбул по 20 години за да присуствува на традиционалната церемонија за саке во „Нобу“, јапонски ресторан чиј косопственик е.
Меѓународниот ланец ресторани го носи името на готвачот Нобу Мацухиса, кој има удел во бизнисот заедно со американскиот филмски продуцент Меир Тепер.
На прес-конференцијата по церемонијата, Де Ниро рече дека е среќен што е во Истанбул.
Одговарајќи на прашањето за можен филмски проект во Истанбул, тој рече дека во моментов нема такви планови.
Сепак, истакна дека градот е одлично место за снимање филм.
„Има многу приказни што излегуваат овде, очигледно како и секаде на друго место. Овој град поседува голема магија“, рече тој.
Де Ниро рече дека омиленото место во градот му е чаршијата за килими и дека сака да ја одведе ќерка си таму.
Зборуваше и за неговото 50-годишно пријателство со Ал Пачино.
„Сите сме пријатели. Не се дружиме секој ден, но имаме добро солидно пријателство. Секогаш уживаме да разговараме еден со друг.“
За неодамнешниот пораст на OTT-платформите, тој рече: „Не можевме да го направиме „Ирец“ без Нетфликс. Што можам да кажам? Бев среќен. Ни дадоа сè што ни требаше.“
Баран Сузер, турски партнер во ресторанот и претседател на Сузер Холдинг, рече дека Нобу има посебно место меѓу нивните инвестиции.
„Сметаме дека Нобу им додава вредност на Истанбул и Туркије“, додаде тој.
Продуцентот Тепер рече дека е среќен што го посетил Истанбул, еден од најубавите градови во светот.
Наведе дека не можеле да дојдат порано поради пандемијата на Ковид-19 и дека конечно нашле партнер во Истанбул.
Познатиот готвач Нобу, пак, рече дека е среќен што е во Туркије, дека ја посетил земјата 12 пати и дека секој пат открива нешто ново.