Шефот на турската одбрана: Над 721 000 тони жито извезени од Украина     Фото: АА

Повеќе од 721 000 тони украинско жито до сега се испорачани на светските пазари според договорот на извоз на жито од Истанбул, изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

„Од утринава, количината на жито што излегла од украинските пристаништа беше 721.449 тони. Ова ќе продолжи, како и напорите пратките да стигнат до крајните дестинации што е можно побрзо и побезбедно”, рече Акар.

Туркије (Турција), ОН, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул на 22 јули за обновување на извозот на жито од украинските пристаништа на Црно море кој беш стопиран поради руско-украинската војна.

Во Истанбул е формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН кој е надлежен да врши надзор на пратките.

Во саботата акар и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш одржаа состнок со претставниците на Заедничкиот координативен центар во Истанбул на кој се разговараше за процесот на испорака на жито.

Борбата на Туркије против тероризмот

Акар истакна дека Туркије решително ја продолжува борбата против тероризмот за да ги заштити своите граници и граѓани.

Според Акар од 1 јануари антитерористичките акции продолжиле интензивно.

“Во овој период вкупно 2517 терористи беа неутрализирани во северн Ирак и во северна Сирија.

Министерот рече дека вкупно 333 терористи биле неутрализирани за време на операцијата Клов – Лок која Туркије ја започна во април чија цел беа засолништата на терористичката група ПКК во северните региони Метина, Зап и Авасин – Басјан во близина на турската граница.

Во своето терористичко делување против Туркије повеќе од 35 години ПКК е одговорна за смртта на над 40 000 луѓе вклучувајќи и жени и деца.

AA
Популарни