Турски туристички автобус се преврте на локалитетот Аџипинар / Фото: AA

Во автобуската несреќа што се случи во турската област Аксарај загинаа шест лица, а 25 се повредени, известува Анадолу.

Турски туристички автобус од засега непозната причина се превртел на локалитетот Аџипинар на автопатот Аксарај - Анкара.

На местото на несреќата се пратени голем број амбулантни, полициски и противпожарни возила.

Според првичните сознанија, во несреќата животот го загубиле шест лица, а 25 се повредени.

Гувернерот на Аксарај, Мехмет Али Кумбузоглу, кој пристигна на местото на несреќата, информираше дека туристичкиот автобус се движел од градот Баликесир кон Кападокија.

Зборувајќи дека автобусот излетал од патот и се превртел на локацијата Аџипинар, на околу 25 километри пред градот Аксарај, Кумбузоглу истакна:

„За жал, во оваа сообраќајна несреќа животот го загубија шестмина наши граѓани. Според првичните сознанија има 25 повредени лица. Повредените ги пренесовме во државната болница 'Аксарај'. Почната е истрага за несреќата.“

AA
Популарни