Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди турската провинција Малатија.
Турската Дирекција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил регистриран во областа Доганшехир и на длабочина од седум километри.
Земјотресот се случил во 10 часот и 46 минути по локално време, а засега нема информации за последиците.
Малатија е една од турските провинции која исто така беше погодена од разорниот земјотрес на 6 февруари минатата година.
AA