Со авиони и хеликоптери се гаснат шумските пожари кај Мармарис     Фото: АА

Пожари зафатија шумско подрачје во Мармарис, во западната турска област Мугла, а противпожарните екипи настојуваат да го локализираат пожарот од копно и од воздух.

Подрачјето на Хисарону во Мармарис го зафати пожар чија причина сѐ уште не е утврдена. Во текот на ноќта екипите на терен интервенираа од копно, а од утрово им е пружена и поддршка од воздух.

Се прават напори за ставање на пожарите под контрола     Фото:  AA

Во гаснењето на пожарот моментално се вклучени 20 хеликоптери и 14 авиони, а екипите на терен прават сѐ што е во нивна моќ за да ја смират огнената стихија.

Министерот за земјоделство и шумарство на Република Турција, Вахит Киришџи, изјави дека пожарот што избувна во Мармарис, во провинцијата Мугла, е во голема мера под контрола.

Евакуација како мерка на претпазливост     Фото: AA

Во шумскиот пожар во областа Мармарис во Мугла, дваесетина куќи во Дегирмењани беа евакуирани како мерка на претпазливост.

Пожарот, кој започна во шумската област во вечерните часови на локацијата Хисарону Махалеси Бердубет, е активен и во северните региони поради силниот ветер кој создава најмногу проблеми за ставање под контрола.

Над 500 возила вклучени во гаснењето

Mинистерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека 571 противпожарно возило и авиони се вклучени во копнени и воздушни операции координирани од Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Во претходното обраќање, АФАД соопшти дека распоредила 1.393 луѓе, вклучително и тим од 592 припадници на Генералниот директорат за шумарство, како и 338 возила и 35 единици за градежна опрема.

Координација на највисоко ниво

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган внимателно ја следи ситуацијата и е во контакт со релевантните официјални лица и власти, додаде Сојлу.

Претседателот Ердоган и министерот Сојлу     Фото: AA

Ердоган во придружба на министерот Солју со хеликоптер изврши увид во шумската област каде што продолжи пожарот во областа Мармарис во Мугла.

Мехмет Надир Јагџи, главен јавен обвинител на Мугла, рече дека е започната истрага за да се утврдат причините за пожарот, кој засега останува непознат.

Над 500 возила и механизација вклучени во гаснењето     Фото: Others

Минатото лето Туркије се бореше со голем број шумски пожари кои избувнаа во 71 различна област во 21 провинција, при што загинаа речиси десетина луѓе и илјадници животни.

AA
Популарни