Руслан Стефанчук ги истакна одличните односи на релација Киев и Анкара/ Фото: AA Archive

Улогата на Туркије ќе биде „непроценлива во процесот на постигнување мир и чекор понатаму“ во Украина, изјави Руслан Стефанчук претседателот на Врховната Рада на Украина.

Истакнувајќи го единството меѓу Киев и Анкара во заедничката иднина, Стефанчук рече дека кога „ќе се постигне фер мир, кога ќе настапи мир во Украина и кога ќе започне реконструкцијата, Туркије ќе го добие местото коешто ќе го посака“.

Осврнувајќи се на мировниот самит за Украина, планирано да се одржи во Швајцарија од 15 до 16 јуни, Стефанчук истакна една од целите за посетата на Туркије, е на самитот да го поканат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган .

Истакнувајќи ја неопходноста мирот да биде „фер и траен“, тој рече дека во секоја војна има „агресор и жртва“, а жртвите имаат право да одлучат „каков вид мир ќе има“.

Велејќи дека „формулата за мир“ на украинскиот претседател Владимир Зеленски ќе биде оценета на мировниот самит и „со овој заеднички став, ќе се соочиме со Русија“.

Добри односи меѓу Киев и Анкара

Стефанчук ја опиша Туркије како „наш историски пријател и историски лидер на регионот“, истакнувајќи ги добрите односи меѓу Киев и Анкара.

Стефанчук укажа на дипломатските односи на „високо ниво“ меѓу двете земји, велејќи дека тие се засновани на „искрениот дијалог“ меѓу турскиот и украинскиот претседател.

Тој, исто така, ја наведе „блиската соработка“ меѓу парламентите на Туркије и Украина, велејќи дека тоа придонесува за „одлични односи меѓу нашите земји“.

Пофалувајќи го ставот на Туркије за руско-украинската војна, Стефанчук рече дека тој секогаш е признаен во Украина.

Стефанчук, велејќи дека ставот на Анкара е рамо до рамо со неговата земја од почетокот на војната, посочи дека Туркије и пружила помош на Украина во различни полиња и димензии, притоа нагласувајќи ја испораката на „точните политички пораки“ од страна на Анкара.

Стефанчук истакна дека Туркије секогаш давала јасна поддршка за „територијалниот интегритет и суверенитет“ на Украина, особено за време на нелегалната анексија на Крим од Русија и за време на руско-украинската војна, истакнувајќи дека оваа поддршка е високо ценета од неговата земја.

Тој, исто така, го истакна значењето на улогата на Анкара во прашања како што е Црноморската иницијатива за жито и изрази благодарност кон земјата.

Стефанчук рече дека односите меѓу двете земји ќе продолжат да напредуваат дури и по војната, истакнувајќи дека една од точките што ги обединува Туркије и Украина во историски контекст се Кримските Татари.

Во врска со војната, тој рече дека таа започна со нелегалната анексија на Крим и „прогонството“ на кримските Татари, нагласувајќи дека Туркије и Украина имаат заеднички став за кримското татарско прашање.

AA
Популарни