Светски гиганти од одбранбената индустрија присуствуваа на 16. Меѓународен саем за одбранбена индустрија (ИДЕФ) во Истанбул. Стотици домашни и странски компании ги изложија своите производи од полето на одбраната, авијацијата и воздухопловството на четиридневниот настан што завршува денес.
Покрај присуството на околу 600 турски компании, меѓу кои и Аселсан, Рокетсан и Хавелсан, на Саемот беа изложени и производи од странски производители, како Ербас, британскиот гигант од одбранбената индустрија БАЕ Системи, француската Дасо Авијација, американската компанија Локхид Мартин, италијанската воздухопловна и одбранбена компанија Леонардо, шпанската државна бродоградбена компанија Навантиа и британската компанија за мотори Ролс Ројс.
На настанот има и штандови од Кина, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Пакистан, Велика Британија, Азербејџан и други земји. Челникот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Туркије, Халук Ѓорѓун, соопшти дека Саемот го посетиле делегации од 81 земја и околу 60.000 учесници од 102 земји.