Со истрагата на турската полиција утврдено е дека терористката која го извела нападот во Истанбул наредбата ја добила од центарот на терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ во Кобани, во Сирија.                    / Photo: AA

Со истрагата на турската полиција утврдено е дека терористката која го извела нападот во Истанбул наредбата ја добила од центарот на терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ во Кобани, во Сирија.

Од турската полиција објавија соопштение во врска со истрагата по вчерашниот бомбашки напад во улицата Истиклал, во Истанбул, во кој загинаа шест лица. Полицијата доцна синоќа во истанбулската населба Ќучукчекмеџе ја уапси 23-годишната Ахлам Албасхир, државјанка на Сирија.

Во соопштението се наведува дека е утврдено дека терористката која го извела нападот во Истанбул наредбата ја добила од центарот на терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ во Кобани во Сирија. Терористката Ахлам Албасхир одговорна за нападот во Истанбул призна дека посетувала обука на терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ за разузнавачи и дека од сириски Африн илегално влегла во Туркије.

Истанбулската полиција по терористичкиот напад уапсила 46 осомничени во операциите на 21 локација, по прегледот на снимките од 1.200 надзорни камери.

Управата на полицијата во Истанбул со лабораториски наоди утврди дека во терористичкиот напад е користен експлозив ТНТ (TNT). Во вчерашната експлозија во истанбулската улица Истиклал загинаа шест, а повредени се 81 лице.

Од болниците се пуштени 50 повредени лица, додека пет лица се наоѓаат на единиците за интензивна нега.

AA
Популарни