Карима, Рима и Мухамад Атуми од 7 февруари помагаат во Туркије      Фото: AA

Две сестри докторки и нивниот брат кој работи како болничар од Либија помогнаа во породувањето на три бебиња по последиците кои ги остави смртоносниот земјотрес кој ја погоди Туркије пред две недели.

„Сите три беа нормални породувања“, вели докторката Карима Атуми која е дел од 105 члениот екипаж на хуманитарната мисија на Либија.

Нејзината сестра и колешка Рима Атуми додава дека имало и неколку абортуси.

Речиси 6.500 бебиња се родени во југоисточна Туркије од потресите на 6 февруари информира турското Министерство за здравство.

„Секое раѓање на дете е надеж“, изјави Фахретин Кочи министерот за здравство во координативниот центар на Претседателството за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) во југоисточната провинција Хатај.

Мухамад Атуми, братот на докторките, им помага на терен во кампот во Хатај уште откако слетаа во Туркије на 7 февруари, еден ден по двата последователни земјотреси од 7.7 и 7.6 степени кои погодија 11 провинции. Над 9.000 меѓународни членови на екипи за потрага и спасување, вклучувајќи ги и тие од Либија, долетаа во Туркије во очи големата катастрофа.

Во либискиот тим се вклучени персонал од Центарот за ургентна медицина и поддршка (ЕМСЦ), Воено-медицински корупус, и спасувачи, пренесува д-р Абдул Малек Марсет портпарол на мисијата од Либија.

Тие донесоа и четири тренирани кучиња трагачи.

Карима Атуми која е дипломец на Универзитетот во Триполи вели дека тимот на доктори и болничари најчесто третирале деца и бремени жени.

„Правевме ултразвук тестирање соочени со проблеми како дехидрација и премрзнатост“, вели таа.

Мухамад кој во ЕМСЦ служи од 2018 година велу дека тој исто така работел на теренски болници за време на војната додека неговите сестри биле стационирани во Медицинскиот центар во Триполи.

„Остани безбедна и силна Туркије“, порачува семејството Атуми кое се врати во Триполи преку аеродромот во Адана заедно со тимот.

Оценети како најтешките земјотреси на 21 век, со епицентар во Кахраманмараш, погодени беа и десет други провинции меѓу кои Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатја, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије, Шанлиурфа и Елазиг во кои живеат повеќе од 13 милиони луѓе.

Неколку држави во соседството меѓу кои Сирија и Либан исто така ги почуствуваа земјотресите кои беа во распон од помалку од 10 часа.

Туркије прогласи ниво 4 на тревога и упати повик за меѓународна хуманитарна помош.

Повеќе од 249.000 членови на спасувачките екипи моментално се распоредени на терен, информира АФАД.

Стотина држави досега ја понудија својата помош, а голем дел од нив испратија и спасувачки екипи.

AA
Популарни