Турската Управа за справување со вонредни ситуации (АФАД) заврши поставување на 300.809 шатори во провинциите погодени од земјотресите на југот на Туркије.
Како што е соопштено од АФАД, испораката и поставување на шатори за луѓето погодени од земјотресите ќе биде продолжена и во наредниот период за да се обезбеди привремено сместување за луѓето во тој регион.
АФАД досега изгради шаторски населби на 270 локации во подрачјата погодени од земјотрес.
Во соопштението се наведува дека досега се поставени 300.809 шатори, од што само во Хатај се поставени 69.766, а во Кахраманмараш 66.685.
Повеќе од 41.000 луѓе загинаа, а повеќе од 108.000 се повредени во два силни земјотреси кои го потресоа југот на Туркије на 6 февруари.
Два нови земјотреси со јачина од 6,4 и 5,8 степени по Рихтер ја погодија синоќа турската провинција Хатај. Во овие земјотреси загинаа најмалку шест лица.