Стадата диви коњи на планината Ерџиес во Кајсери, Туркије се попопуларна туристичка атракција, која особено привлекува професионални фотографи, пишува Анадолу.
Уникатните пејсажи од црвенилото на зајдисонцето и на полињата каде коњите трчаат во стада се непресушен извор на инспирација за сите оние кои се обидуваат да ги овековечат овие неверојатни сцени.
Станува збор за стада од стотици диви коњи кои веќе подолго време живеат во ненаселени делови на планината.
Порано мештаните од овој регион, откако ќе ја завршеле есенската работа, ги пуштале коњите во планината каде што ја преживеале зимата и самите наоѓале храна. Претпоставката е дека вака настанале денешните стада диви коњи.
AA