Министерството за трговија на Туркије соопшти дека оваа земја се најде на првото место меѓу земјите од Г20 според зголемувањето на извозот на услуги во вториот квартал од оваа година во однос на претходниот.
Во соопштението на турското Министерство се наведува дека е објавен статистичкиот извештај на Организацијата за економски развој и соработка (ОЕЦД) за вториот квартал од 2024 година.
Услужниот сектор има значајно место во економијата на Туркије поради обемот на извозот.
„Туркије е на 22-то место во извозот на услуги со 101,7 милијарди долари и удел од 1,29 отсто во светскиот извоз на услуги“, објави турското министерство за трговија.
Во првите шест месеци од 2024 година, извозот на услуги на Туркије е зголемен за 9,5 отсто на годишно ниво, во висина од 47,2 милијарди долари, додека увозот на услуги порасна за 11,8 отсто во однос на истиот период минатата година, достигнувајќи 23,1 милијарди долари.
„Со тоа остваривме трговски суфицит од 50 проценти во услужниот сектор“, се вели во соопштението.
Министерството за трговија на Туркије истакна дека Туркије е на првото место меѓу земјите од Г20 по стапката на раст на извозот на услуги во вториот квартал од 2024 година во однос на претходниот квартал.
„Истовремено, ние сме и земјата во која стапката на раст на увозот на услуги е најмногу намалена меѓу земјите од Г20“, се додава во соопштението.
Г20 е неформален форум кој ги обединува министрите за финансии и гувернерите на Централните банки на 20 економии: 19-те најразвиени национални економии и Европската унија како посебен ентитет.