Туркије: Го неутрализиравме водачот на терористичката организација ПКК

Турските разузнавачи го неутрализираа таканаречениот водач на терористичката организација ПКК во Северна Сирија, соопштија денес безбедносни извори.

Фатма Сакана, која се приклучи на терористичката организација во Иран во 2006 година, дејствуваше во руралните области на турската област Ширнак во период меѓу 2010 и 2012 година.

Еден од извршителите на нападот во Ширнак на 2 септември 2012 година, во кој беа убиени десет турски војници, Сакана подоцна стана високорангирана фигура во терористичката организација ПКК во Сирија и Ирак. Таа, исто така, работеше со Дуран Калкан, друг водач на ПКК во Ирак.

Во својата повеќе од 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучително жени, деца и бебиња.

AA
Популарни