Предводени од војсководецот и основач на современа Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк, турските сили на денешен ден пред 101 година постигнаа голема победа во Битката кај Думлупинар / Photo: AA

Со пригодни манифестации и програми денес во Туркије се одбележува 30 Август, националниот празник - Денот на победата, посветен на големата победа што ја извојуваа турските сили пред точно 101 година.

Заедно со Денот на победата, Туркије денеска го одбележува и Денот на вооружените сили.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го предводеше државниот врв на свечената церемонија во комплексот Аниткабир, мавзолејот на основачот на модерна Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк, во Анкара.

Денот на победата се одбележува во сеќавање на последната битка во Војната за независност, по која е прогласена модерна Република Туркије.

Предводени од војсководецот и основач на современа Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк, турските сили на денешен ден пред 101 година постигнаа голема победа во Битката кај Думлупинар, последната во турската Војна за независност што траеше од 1919 до 1922 година.

Популарни