Туркије и Египет ги подигнаа своите дипломатски односи на ниво на амбасади.
Туркије го назначи Салих Мутлу Шен за нов амбасадор во Каиро, а Египет го именуваше Амр Ел Хамами за амбасадор во Анкара, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
„Подигнувањето на дипломатските односи меѓу двете земји е спроведено во согласност со одлуката донесена од претседателите на двете земји“, се додава во ова соопштение.
„Овој чекор има цел да постигне нормализација на односите меѓу двете земји и ја одразува заемната волја за развој на билатералните односи во согласност со интересите на турскиот и египетскиот народ“, се вели во соопштението на турското МНР.
Дипломатските односи меѓу Туркије и Египет беа на ниво на вршители на должност од 2013 година.