Туркије и Катар потпишаа 11 договори за јакнење на билатералните врски во текот на осмиот состанок на Врховниот стратешки комитет на двете земји одржан во Истанбул.
Договорите се однесуваат на дипломатијата, медиумите, културата и управување со катастрофи и вонредни ситуации.
Со состанокот копретседаваа претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган и катарскиот емир шеик Тамим бин Хамад Ал-Тани.
Тие претходно одржаа состанок на кој разговараа за билатералните и регионални прашања.
Врховниот стратешки комитет на Туркије и Катар основан е во 2014 година како билатерален механизам за формирање институционална основа за дијалог и соработка на двете земји на високо ниво.
AA