Туркије: На археолошки локалитет откриена глинена плоча стара 3.800 години / Photo: AA

Глинена плоча стара 3.800 години со клинесто писмо на акадски јазик е пронајдена во могилата Аччана во турскиот град Хатај, еден од најпогодените градови од земјотресот на 6 февруари, на која има информации за „договорот за продажба на градот“.

Земјотресот на 6 февруари со епицентар во Кахраманмараш ја погоди и могилата во областа Рејханли, каде што се наоѓал главниот град на кралството Мукиш, Алалах, во средното и доцното бронзено време.

Под раководство на Министерството за култура и туризам на Туркије започнати се реставраторски и конзерваторски работи на могилата, каде што по земјотресот беа оштетени некои делови од ѕидините на палатата.

Работите беа извршени под водство на раководителот на Катедрата за блискоисточна протоисторија и археологија на Археолошкиот факултет при Универзитетот „Мустафа Кемал“ во Хатај, доц. д-р Мурат Акар, со тим од 25 луѓе.

Благодарение на овие дела, покрај заштитата на културното наследство, овозможен е пристап и до нови сознанија што го расветлуваат минатото. Тимот, отстранувајќи ги урнатините од ѕидот како дел од истражувањето, ја пронајде глинената плоча со клинесто писмо.

Туркије: На археолошки локалитет откриена глинена плоча стара 3.800 години AA

Во првото истражување направено на плочата на акадски јазик е откриена информацијата за договорот што првиот крал на Алалах, Јарим-Лим, го склучил за купување на еден град.

„Беше возбудливо што успеавме да ја извлечеме неоштетена“

Доц. д-р Акар во изјавата за Анадолу рече дека во годинашните сезонски ископувања во могилата Аччана им давале важност на реставраторските и конзерваторските работи.

Тој информира дека плочата стара 3.800 години има цврста форма. „Беше возбудливо да се откопа недопрена, нескршена плоча од урнатините на неколку ѕидови во могилата“, рече тој, информирајќи дека делото датира од средното бронзено време.

„Во овој период идентификуван како средна бронзена доба може да видиме дека кралевите од регионот имале економска моќ. Наидуваме на изненадувачки примери каде тоа се гледа во пишаните документи. Во оваа плоча гледаме како првиот крал на Алалах, Јарим-Лим сака да купи друг град и дека во оваа пригода склучува договор. Тоа, всушност, покажува дека кралевите од регионот поседувале моќ и економски потенцијал да купат друг град“, нагласи Акар.

На делото се и имињата на сведоците на договорот

Информирајќи повеќе за плочата, Акар рече дека таа ќе придонесе за разбирање на економската структура на периодот.

„На делото се и имињата на сведоците на договорот, со голем процент имиња на значајни личности од градот. Работата како единствен пример ќе придонесе да се разбере економската структура, односот меѓу градовите, економскиот и политичкиот модел од тој период“, нагласи тој.

Акар додаде дека по истражувањето делото ќе биде пратено во музејот.

AA
Популарни