Според првичните информации, најмалку 10 лица загинале, а 30 се повредени во верижна сообраќајна несреќа во која учествувале четири возила на автопатот Тарсус - Адана - Газиантеп, во турската провинција Мерсин.
Патнички автобус влегол на спротивната лента и удрил во два автомобили и камион.
По добиената пријава, на местото на несреќата се упатиле екипи на итната помош, полиција и противпожарна служба.
Според првичните проценки од местото на настанот, во несреќата животот го загубиле 10 лица, а 30 се повредени.
Во тек е истрага за откривање на причините за несреќата.
AA