Туркије од 1 јануари воведува такса за престој / Photo: AA

Туркије од 1 јануари 2023 година ќе воведе наплата на такса за престој за туристите.

Општото соопштение за примената на такса за престој, подготвена од Министерството за трезор и финансии, е објавено во Службениот весник на Република Туркије.

Таксата за престој ги вклучува услугите за ноќевање во сместувачките капацитети како што се хотелите, мотелите, туристичките одморалишта, пансионите, апартманите, камповите, дрвените куќички, планинските куќи, како и сите други услуги што се нудат во сместувачкиот објект како што се услугите за пијалаци, активности, забавните услуги и користењето базени, спортски, термални и слични простори.

Обезбедувањето услуги за ноќевање во објекти како што се велнес и забавни центри нема да влијае на оданочувањето. Статусот на државјанство или престој на корисникот на услугата нема да се земе предвид при примената на таксата за престој.

Со оваа такса нема да бидат опфатени услугите за свадби, коктели, состаноци, конгреси, симпозиуми и слични организации кои се нудат независно од услугата за ноќевање.

ДДВ нема да биде вклучен во основицата на таксата за престој, а утврдената стапка на таксата за престој е 2 отсто.

Одлуката стапува на сила на 1 јануари 2023 година.

AA
Популарни