Република Туркије денеска ја одбележува 41-годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), потврдувајќи ја својата посветеност да ги поддржи кипарските Турци во нивната потрага по суверенитет и безбедност.
„Како татковина и гарант на мирот, Туркије секогаш ќе стои покрај кипарските Турци, заштитувајќи ги нивните права и интереси“, соопшти турското Министерство за надворешни работи на социјалната мрежа Х.
Во соопштението се наведува дека ТРСК го претставува најважниот симбол на борбата на кипарските Турци за нивниот суверенитет и слобода.
Островот Кипар со децении е сцена на спор меѓу кипарските Грци и кипарските Турци, и покрај низата дипломатски напори за постигнување сеопфатно решение.
Етничките напади започнаа во раните 1960-ти и ги принудија кипарските Турци да се повлечат во енклавите заради нивна безбедност.
Пучот на кипарските Грци чија цел беше анексија на островот од Грција беше извршен во 1974 година и доведе до воена интервенција на Туркије, како сила гарант за заштита на кипарските Турци од прогон и насилство. ТРСК е основана во 1983 година.
Администрацијата на кипарските Грци беше примена во Европската унија во 2004 година, истата година кога кипарските Грци го спречија планот на Обединетите нации за ставање крај на долгогодишниот конфликт.
Турцкије целосно го поддржува решението на кипарското прашање врз основа на две држави на остров со еднаков меѓународен статус.