Туркије одбележува 84 години од смртта на Мустафа Кемал Ататурк

Туркије одбележува 84 години од смртта на Мустафа Кемал Ататурк

Во Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк (Антикабир) во Анкара одржана е државната церемонија.
Туркије одбележува 84 години од смртта на Мустафа Кемал Ататурк     Фото: АА / Photo: AA

Во Туркије и во турските амбасади ширум светот, со пригодни програми се одбележува 84. годишнина од смртта на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Туркије.

Во Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк (Антикабир) во Анкара одржана е државната церемонија. Во 9.05 часот по локално време се огласија сирени за да го означат моментот на неговата смрт. Ширум земјата луѓето застанаа на улиците во тишина на своите работни места за да се присетат на Ататурк.

Во Мавзолејот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, беше меѓу оние кои положија венец. Меѓу останатите присутни беа и претседателот на Големото народно собрание на Република Туркије (ТБММ) Мустафа Шентоп, турскиот потпретседател Фуат Октај, членови на претседателскиот кабинет, претседателот на Републиканската народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу, претседателот на Партијата на национално движење (МХП) Девлет Бахчели, претседателката на Партијата ИЈИ Мерал Акшенер, претставници на високите судски органи, команданти, како и други државни функционери.

Ататурк е роден во 1881 година во Солун, тогашна Османлиска империја. Најголемата воена слава ја стекна предводејќи ги турските борци во битката на Чанаккале. По Османлиската империја, по завршувањето на Првата светска војна, Ататурк ја предводеше турската војска во ослободителната војна. Како основач и претседател на Република Туркије, земјата ја трансформираше во модерна, секуларна и прозападна држава. Почина на денешен ден во 1938 година на 57 годишна возраст.

Ататурк во текот на животот благодарејќи на воените и политичките способности добил секоја битка во која влегол со цел јакнење и зачувување на независноста на татковината и својот народ.

Мустафа Кемал Ататурк почина во палатата Долмабахче на 10 ноември во 1938 година.

Ковчегот со неговото тело, завиен во знамето на Република Туркије, во големата свечена сала на палатата Долмабахче во текот на три дена беше изложен за посета на граѓаните. Потоа на 20 ноември е префрлен во Анкара каде ден подоцна привремено е погребан во Етнографскиот музеј.

Сите држави во светот на погребот испратија свои претставици, а присуствуваа и странски генерали кои се бореа против Ататурк во Битката кај Чанаккале и во другите големи битки.

Телото на Ататурк е префрлено во Мавзолејот Антикабир на 10 ноември во 1953 година на 15 годишнина од неговата смрт.

AA
Популарни