Туркије: Се урна воен авион за обука

Воен авион за обука се урна денес во Централна Туркије.

Од засега непознати причини авионот се урна во областа Коња.

Во регионот се пратени голем број медицински и противпожарни екипи.

Се дознава дека пилотот се катапултирал од авионот пред падот.

Според гувернерот на Коња, Вахдетин Озкан, загинал работник што користел градежна машина на градилиштето каде што се урна авионот.

AA
Популарни