Приходите на Туркије од туризмот се зголемија за 27 отсто, на 21,7 милијарди долари, во периодот јануари-јуни годинава, покажаа официјалните податоци на ТуркСтат објавени денес.
Земјата беше домаќин на 22,2 милиони посетители, странски туристи и турски државјани што живеат во странство, во првата половина од годинава, што е зголемување за 20,6 отсто на годишно ниво, објави ТуркСтат.
Просечниот трошок за ноќевање за посетителите изнесуваше 99 долари, што е зголемување од 89 долари од истиот период минатата година.
Во вториот квартал од годината, приходите од туризмот во земјата изнесуваа 12,9 милијарди долари, што е зголемување за 23,1 отсто на годишна основа.
Бројот на луѓе што ја посетија Туркије во последниот квартал изнесува 13,99 милиони, што е пораст од периодот април-јуни минатата година кога земјата ја посетија 11,9 милиони туристи.