Министерството за надворешни работи на Република Туркије реагираше на објавата на израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац на социјалните мрежи и порача дека Израел не може да постигне мир преку закани и елиминација на преговарачите, јавува Анадолу.
„Не можете да постигнете мир со убивање на преговарачи и со закани кон дипломати“, објави портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Онџу Кечели, на социјалната мрежа Х.
Во Туркије е прогласен ден на национална жалост поради убиството на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије, па знамињата во турските дипломатски претставништва се спуштени на половина копје.
Во овој контекст, знамињата во турската амбасада во Тел Авив и во Генералниот конзулат за Палестина во Ерусалим беа спуштени на половина копје
Токму затоа шефот на израелската дипломатија, Кац, во својата објава на социјалните мрежи ги нападна турските дипломати во Тел Авив и Ал Кудс.