Туркије ја гледа одбранбената соработка со новата сириска администрација како важна за регионалната стабилност / Photo: AA

Турското Министерство за национална одбрана денес соопшти дека Туркије ја гледа одбранбената соработка со новата сириска администрација како важен чекор во интерес на двете земји, како и дека е важна за регионалната стабилност.

На последниот неделен брифинг за медиумите на Министерството оваа година, портпаролот Зеки Актурк рече дека билатералната соработка со Сирија е приоритет за Туркије во однос на националната и регионалната стабилност.

„И Мунбич и браната Тишрин во Сирија се под контрола на Сириската национална армија поддржана од Туркије, а тврдењата за терористички напредок во овие области не ја одразуваат реалноста на терен“, додаде тој.

TRT Balkan / агенции
Популарни