Туркије изврши ново успешно тестирање на ракетата Тајфун од домашно производство. Лансираната ракета со краток дострел успешно ја погоди целта.
Лансирањето, со засилени безбедносни мерки, беше извршено во Ризе, во близина на аеродромот „Ризе-Артвин“.
Ова беше трето успешно тестирање на оваа ракета, а претходните се извршени во 2022 и 2023 година.
Станува збор за проектил развиен и произведен од турската државна компанија Рокетсан, а моментано се смета за турски проектил со најдолг дострел.
Тајфун тежи 2.300 килограми и долга е 6,5 метри.
Ефективниот дострел на оваа ракета е 280 километри, а максималниот е 800 километри.
AA