60 години од основањето на Африканска унија / Фото: TRT World

На одбележување на Денот на Африка, Туркије вети ќе продолжи да ја зајакнува својата соработка и солидарност во сите аспекти со континентот.

„Ние од се срце им честитаме на сите наши африкански сестри и браќа по повод 25 мај Денот на Африка, кој ја одбележува 60-годишнината од основањето на Африканската унија, која ги претставува идеалите на африканските народи за интегриран, мирен и просперитетен континент“, соопшти Министерството за надворешни работи на Туркије.

Изложба на африкански ракотворби ќе биде отворена во соработка со Куќата за култура и Пазарот на африкански ракотворби, дополнуваат од министерството.

Исто така ќе се одржи панел „Односите Туркије-Африка на стогодишнината на републиката“ во организација на Претседателството за Турците во странство и сродни заедници.

Министерството дополни дека Бурак Акџапар заменик министерот за надворешни работи ќе одржи говор на свечениот настан во Анкара каде ќе бидат претставени 38 држави.

„На 60-годишнината од институционализацијата на пан-африканскиот дух, Африка стана истакнат, ефективен и клучен актер во меѓународната заедница“, се вели во извештајот.

Туркије целосно ги поддржува напорите на „африканските пријатели кон мир, стабилност и развој, како и иницијативите насочени кон зголемување на африканското присуство на меѓународните форуми“.

Министерството истакна дека пристапот на Анкара кон африканските земји е „целосно компатибилен со основачките принципи на Африканската унија и се заснова на сеопфатно, инклузивно и еднакво партнерство врз основа на взаемно почитување и вин-вин стратегија“.

„Го споделуваме духот на 1963 година и визијата за Африка и придаваме најголемо значење на Агендата 2063 и Целите за одржлив развој на ОН 2030 година“, се вели во соопштението.

Анкара понатаму вети дека ќе продолжи да ја зајакнува „соработката и солидарноста во сите аспекти кои се издигнати на сосема ново ниво по третиот Самит за партнерство Туркије-Африка што се одржа на 16-18 декември 2021 година“ во рамките на Политиката за африканско партнерство.

TRT World
Популарни